Фернандо Торес стигна до 100 гола за Атлетико

Атлетико Мадрид, со пресврт, го победи Еибар (3-1), а натпреварот ќе го памети Ферандо Торес, кој го постигна неговиот 100-ти гол во дресот на Атлетико.

Атлетико на овој меч настапи во „шарен“ состав, кој веројатно никогаш повеќе нема да игра заедно. Поради повреди и суспензии, Диего Симеоне, имаше само еден играч од стандардната четворка во одбраната. Поради тоа како централен дефанзивец заедно со Хименез играше Саул Нигез, кој во 48. минута, направи грешка и му овозможи на Кека да му донесе водство на Еибар на „Винсенте Калдерон“.

Потоа Атлетико направи пресврт во интервал од шест минути, Коке два пати одлично изведе корнер, а голови постигнаа Хименез и Саул Нигез. Торес во 92. минута ја потврди победата на Атлетико.

Фернандо Торес го постигна својот втор гол сезонава, а прв уште од септември кога беше стрелец токму против Еибар.

Торес беше член на Атлетико од 2001 до 2007 година, потоа играше во Ливерпул, Челзи и Милан, а на „Винсенте Калдерон„ се врати пред една година.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе