Ferrari нема да претстави електричен модел пред 2023 година

Иако италијанскиот Ferrari веќе почна со развој на својот прв електричен модел, тој сепак не е дел од новиот петгодишен план, (2018-2022), на Fiat Chrysler Automobiles (FCA) групацијата.

Првиот човек на Ferrari Серџо Маркионе јасно ја искажа својата омраза кон EV технологијата, иако тој претходно изјави дека ако има електричен суперавтомобил, првиот таков ќе биде токму модел на Ferrari, сепак јасно е дека наскоро нема да видиме Ferrari на електричен погон.

Маркионе и покрај тоа, не ја исклучи во целост можноста за електрично Ferrari во петгодишниот план на групацијата, но истакна дека електричните возила се уште не се релевантни за компанијата, додавајќи и дека конкурентот Lamborghini нема да понуди свој електричен модел пред 2026 година.

Додека го чека одговорот на пазарот, кога станува збор за електричните суперавтомобили, Ferrari ќе се концентрира на производство на модели на хибриден погон, а Маркионе истакна дека во компанијата и понатаму размислуваат за тоа какви модели ќе имаат.

Првиот модел од оваа компанија на хибриден погон би требало да дебитира на саемот на автомобили во Франкфурт веќе следната година.

Претходните неколку недели Ferrari го тестираше својот хибриден погон на моделот 488 GTB.

Во меѓувреме, конкуренцијата веќе со голема пареа работи на производство на свои електрични суперавтомобили.

Па така, веќе следната година се очекува да излезе Porsche Mission E, додека Tesla новиот Roadster, кој од 0 до 100 километри на час забрзува за 1,9 секунди ќе го претстави во 2020 година.

реклама

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе