Авто новости
Најпрофитабилни за 2018 година

Ferrari заработува најмногу по автомобил, Bentley и Tesla најмалку

10. август 2018 - 15:08 | Б.С.Б.

Истражување направено од Фердинанд Дуденхофер, професор по економија, открива дека Ferrari е најпрофитабилна марка во автомобилската индустрија во првите шест месеци од годинава.

Италијанскиот произведувач на суперавтомобили има профит од 69.000 евра за секој продаден нов автомобил. Студијата покажала дека  Porsche е двојно повеќе профитабилна од ривалските Mercedes-Benz, BMW и Audi.

Истражувањето исто така открива дека секој продаден Maserati носи заработка од скоро 5.000 евра на компанијата. Кога станува збор за губитоци, Bentley моментално генерира губитоци од близу 17.000 евра за секој продаден автомобил, а причината за тоа е што компанијата вложува во технологија за електрични автомовили. Во слична ситуација се наоѓа и Tesla, која губи околу 11.000 евра за секој продаден нов автомобил.

Компаниите како Rolls-Royce и Lamborghini не ги објавуваат финансиските резултати и не се вклучени во истражувањето.

Коментирај