Единаесеттото издание на популарниот фестивал кој се одржува во скопскиот МКЦ годинава ќе се одржи на 26 август.

Организаторот, како и секоја година, уште на пролет го најавува фестивалот, па така и сега, пет месеци унапред, го закажа за четврток, 26 август со почеток во 18 часот. Според планот, ќе трае до 2 часот по полноќ ноќта на 27 август.
Наскоро во претпродажба ќе бидат пуштени и првите билети по промотивна цена, а организаторот најави дека за брзо ќе го соопшти и првиот изведувач гостин на Здраво Млади 11.
Одбран е и официјалниот постер откако МКЦ организираше конкурс на кој пристигнаа над 100 предлог-дизајни од 94 дизајнери. Комисијата одлучи да го одбере предлогот на Катја Штркова, а ги награди и второ и третопласираниот дизајн.

Сите новости, како и можни промени со оглед на тоа што пандемијава е непредвидлива, може да ги следите на официјалниот настан на Facebook.