Тековното првенство во Втората македонска фудбалска лига Запад ќе се доигра со девет екипи, откако Фудбалската федерација на Македонија, соопшти денеска дека тимот на Вардари од Форино е дисквалификуван од натамошното натпреварување.
Одлуката е донесена поради неоправдано непојавување на фудбалерите на Вардари на натпреварот од 17. коло против Гостивар закажан на 27 февруари, што за нив е втор ваков прекршок сезонава откако еднаш не се појавија и во есенскиот дел.
Надлежната комисија на ФФМ, како што е соопштено, неодиграниот натпревар го регистрираше со службени 3:0 за Гостивар, а екипата на Вардари се враќа во најнизок степен на натпреварување при матичниот Општинскиот фудбалски сојуз на Гостивар.