ФФМ го суспендираше теренот во Тетово и поведе дисциплинска постапка против Шкендија

Како одговор на инцидентите што се случија на неделниот натпревар против Шкупи, Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска го суспендираше теренот во Тетово, а домаќинот Шкендија го предаде на Дисциплинската комисија, која дополнително ќе одлучи за санкциите кон тетовскиот клуб.

Постапката против Шкендија е поведена пред Дисциплинската комисија на ФФМ поради сериозни пропусти во организација на натпреварот против Шкупи одигран во неделата на градскиот стадион во Тетово.

Дуелот го одбележаа голем број инциденти пред и за време на натпреварот, при што беа повредени најмалку двајца фудбалери на гостинскиот тим, како и еден од помошниците на главниот судија Александар Ставрев.

Фудбалер на Шкупи беше повреден пред тетовскиот стадион, додека негов соиграч, како и еден од судиските помошници беа погодени со камења фрлени од трибините на кои не беше дозволено присуство на гостински навивачи.

На натпреварот дојде и до физичка пресметка меѓу играчи и дел од клупскиот персонал на двете страни, додека фудбалер на Шкупи беше расистички навредуван од трибините.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе