Филипче: Бројките на заразени пациенти се апсолутно точни и истите ги споделуваме со СЗО

Венко Филипче одржа прес-конфереција во врска со новонастанатата ситуација со коронавирусот во нашата земја.

- Не треба да се има ниту најмал сомнеж дека не се споделуваат точни бројки. Бројките се апсолутно точни и ние тие официјални бројки ги споделуваме со официјалните претставници за СЗО и простор за манипулација нема ниту нема да има со една земја која комуницира со СЗО, потенцираше министерот Филипче.

Седум пациенти на инфективната клиника се во потешка здравствена состојба но дишат самостојно, 27 се средно тешки пациенти и 7 се со лесни симптоми. Стабилна и добра е состојбата и на пациентите во Штип.

Доколку некој здравствен работник се појавил на работно место свесен дека има симптоми, тука ќе следат санкции, нагласи министерот.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата.

По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Covid-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Covid-19 се регистрирани во:

- Скопје (134)

- Дебар (43)

- Куманово (17)

- Штип (8)

- Прилеп (6)

- Охрид (3)

- Велес (3)

- Кавадарци (2)

- Тетово (2)

- Гостивар (1).

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе