Филипче: Да не се пијат антибиотици неконтролирано, има доволно лекови за третман на COVID-19

Да не се пијат антибиотици неконтролирано. Има сосема доволна количина лекови за третман на пациенти со COVID-19. Ова не е болест за која има еден специфичен лек, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека огромен број клинички студии се прават и сè уште нема еден лек за третман на болеста.

– Станува збор за комбинација на лекови. За секоја од комбинациите е потребно да се погоди тајмингот и индикацијата врз основа на анализите. Од клиниката слика, од манифестацијата и од анализите на крв на белите дробови итн. зависи каква терапија ќе биде препишана на пациентот, како на примарно ниво, така и во болнички установи, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по примопредавањето на донацијата од 13.500 брзи тестови за државава од Кралството Норвешка во кругот на Воено-медицинскиот центар во Скопје.

Тој рече дека им укажал професорот Никола Пановски од Институтот за микробиологија на случај во кој се препишани поголем број антибиотици и им испратил документи кои ќе ги испитаат.

– Сакаме да видиме дали за тоа имало индикации и Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја направи таа анализа. Станува збор за случај од околината на Струга. Денеска го замолив професорот да направи консултација со нашите експерти од Клиниката за пулмологија во врска со препишувањето на антибиотиците. Верувам дека некои од овие прашања ќе се расчистат, нагласи Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека предвидувања е многу тешко да се дадат заради тоа што е се поочигледно дека вирусот е многу непредвидлив како во смисла на епидемиолошките карактеристики, така и во смисла на клиничката манифестација на болеста.

Додаде дека се очекува сосема лесно намалување на бројот на новодијагностицирани случаи во следниот период доколку се почитуваат мерките. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе