Скопје, 16 мај 2020 (МИА) – За една недела Градската општа болница „8 Септември“ ќе ги отвори амбулантите, ќе започне да функционира нормално и ќе биде во служба на сите пациенти, не само на оние со COVID-19, објави министерот за здравство Венко Филипче на Facebook.
Болницата која најголем дел од капацитетите ги стави на располагање за COVID-19, со тоа повторно ќе биде ставена во функција за сите граѓани.