Филипче: Нема пречка за увозот на вакцините од Србија

Не постои законска пречка за прием на вакцините против COVID-19 во нашата земја. Првите дози на вакцината Pfizer која е договорена во директни преговори со производителот, како и 8.000 дози вакцини кои од Република Србија треба да пристигнат во нашата земја ќе бидат со интервентен увоз. Измената на Законот за лекови е поради глобалната политика на Pfizer кои инсистираа апликант за регистрацијата на вакцината да биде нивното претставништво кое е со седиште во Холандија, одговорно за овој дел на Европа, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека Србија е единствената земја во целиот регион каде има локално претставништво на Pfizer и тоа на некој начин им ги забрза работите.

– Но, и тоа не е пречка свесни дека е таква нашата законската регулатива, производителот Pfizer, се согласи првите количини вакцини кои ќе дојдат во нашата земја и преку директниот договор, но и преку помошта од Србија да дојдат со т.н интервентен увоз, за што има законска регулатива и за тоа не треба регистрација, вели Филипче.

Производителот Pfizer, потенцира министерот, на нашата земја ѝ излезе во пресрет, несакајќи да се забави динамиката на пристигнување на вакцините.

– Со оглед на тоа што инсистираат регистрацијата да се случи кога тогаш, несакајќи да ја забават динамиката на пристигнување на вакцините, се согласија тоа да биде за следните количини, во следните месеци поради тоа што ние поднесовме измена на Законот за лекови во Собранието за да овозможиме, оваа конкретна вакцина да се регистрира преку апликант кој не е регистриран како компанија во нашата земја, појаснува Филипче.

Што се однесува до испораката на вакцините од Република Србија, Филипче нагласува дека во моментов се чека одобрување од компанијата Pfizer за интервентен увоз.

– Во интензивна комуникација сме со компанијата изминатите два дена, паралелно на нашите разговори во врска со нашиот директен договор, сега се чекаат и фајловите за да се дозволи таа количина од Србија да биде пратена во нашата земја. Тоа значи дека компанијата Pfizer води сметка за буквално сите количини кои ги дистрибуира во земјите, дали и на кој начин евентуално се препраќаат во некои други земји, додава министерот.

Во врска со измените на Законот за лекови, Филипче, како што информираат од Министерството за здравство, изминатиов период имаше средби со пратеници на опозицијата кои во разговор со него изразија поддршка и конструктивност за измените на Законот.

Што се однесува до вакцините кои во земјава треба да стигнат преку Ковакс механизмот, министерот посочува дека на 29 јануари ќе има состанок со претставниците од тој систем кога се очекува да добие информации кога и во кои количини вакцини ќе стигнат во нашата земја.

– Здравствениот систем и сите други институции во државата се подготвени за процесот на вакцинација. Ние сме целосно спремни. Утрово имав состанок со директорот за Агенцијата за лекови (МАЛМЕД), тамошните служби се целосно спремни да ги пречекаат документите, да ги издадат потребните формулари, административни. Укажавме на директорот на Царината и во таа служба се спремни вработените сите постапки да се завршат во најкраток временски рок. Ние сме спремни со нашата инфраструктура, фрижидерите веќе се инсталирани, може тука да се складира огромна количина на вакцини. Подготвен е и планот за вакцинација. Секако здравствените работници се први. Така што во моментот кога ќе пристигнат вакцините имаме план по кој ќе се постапува, истакнува Филипче.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе