Филипче: Оние кои прележале COVID-19 може да се вакцинираат со една доза

Лицата кои прележале COVID-19 може да се вакцинираат со една доза од вакцината, согласно стручните препораки.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дека лицата, кои прележале COVID-19 ги нема во планот за имунизација, со образложение дека имаат антитела.

Филипче напомена дека планот е флексибилен и може да се менува согласно новите препораки и достапноста на вакцините, како и дека се разгледува и можноста и тие лица да добијат сертификат, како гаранција дека имаат имунитет, доколку треба да патуваат и да ги исполнуваат своите професионални обврски.

-Ја чекаме официјалната одлука од страна на Европската Комисија, прво дали ќе се бара таков серификат, каков ќе биде тој серификат, кој ќе го биде важечки секаде во Европа, а потоа сме подготвени да направиме и такви сертификати за да може да им служат на граѓаните, додаде Филипче.

Европската комисија денеска треба да го усвои предлогот за воведување „дигитален здравствен сертификат“ за граѓаните на ЕУ кои патуваат во рамките на Унијата, што ќе содржи информации за тоа дали некое лице е вакцинирано со вакцина за коронавирус одобрена од Европската агенција за лекови, стекнално имунитет откако се опоравил од COVID-19 или направил PCR-тест.

Тој „здравствен сертификат“, како што истакнаа претставници на ЕК, е наменет за граѓаните на земјите од ЕУ, а кога станува збор за патници од Западен Балкан и други делови на светот.

 Комисијата подоцна ќе разговара со Светската здравствена организација и со Организацијата за меѓународни цивилни летови за тоа какви олеснувања може да се воведат и со примена на кои технички, интероперативни и меѓународни стандарди. 

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе