Филипче: Состојбата по болниците се стабилизира

Министерот за здравство Венко Филипче извести дека состојбата по болниците се стабилизира, а во наредниот период очекуваат повеќе исписи од приеми на болни пациенти.

„Состојбата по болниците се стабилизира, во наредниот период очекуваме повеќе исписи од приеми на болни пациенти. На денешниот состанок со директорите на ковид-центрите во Скопје разговаравме за состојбата со вирусот. На инфективните оддели има доволно слободни места. Состојбата ја следиме од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат“, напиша министерот Филипче на неговиот Facebook профил.

На состанокот, како што соопшти Министерството за здравство, беше разгледана состојбата со бројот на хоспитализирани и слободни места по инфективните одделенија. По напрвените анализи е заклучено дека минатата недела е достигнато платото по бројот на хоспитализирани пациенти и веќе има благ пад на бројот на хоспитализрани на дневно ниво.

Според Министерството, на сите инфективни оддели има слободни места со довод на гасови, а во наредните неколку дена ќе завршат градежните работи кои ќе овозможат да се отворат нови соби со довод на кислород.

„Мерки кои Комисијата за заразни болести ги донесе даваат резултат и бројаката на хоспитализации се стабилизра. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи“, истакна Филипче. 

Како што претходно соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало 22 приема – тројца пациенти биле примени на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во КОВИД-центарот на Клиниката за неврологија, шестмина болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија,  двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, седум во новиот центар на Клиниката за  уво, нос и грло и тројца болни на Клиниката за очни болести.

Во КОВИД-центарот во ГОБ „8 Септември“ во изминатите 24 часа имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника  се примени пет болни во текот на вчерашниот ден.

Министерството за здравство информира и дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов во КОВИД-центарот на Клиниката  за кожни болести се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35, на Институтот за ТБЦ  44 пациенти со симптоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат 26 лица, во КОВИД-центарот на Клиниката за нефрологија се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 14 и во КОВИД- центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 19 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле има 35 пациенти, од кои девет деца и 24 возрасни.

– Вкупно 480 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-ина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека на сите инфективни одделенија има довод на кислород и може да бидат згрижени пациенти на кои им е потребно кислородна поддршка. 

реклама

Македонија

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more

Во мај уште еден продолжен викенд

Read more

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Read more
 

Вести

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе