Филипче: Вакцината на AstraZeneca нема да се дава на лица помлади од 60 години

Скопје, 8 април 2021 (МИА) – По разгледување на ставот на Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) во врска со безбедноста на вакцината на AstraZeneca, донесовме став во нашата земја таа вакцина да не се дава на лица помлади од 60 години, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека за ставот на ЕМА во врска со безбедноста на вакцината на AstraZeneca разговарал со членовите на работната група за имунизација и со повеќе директори на клиники.

– После евалуацијата на сите тие несакани ефекти во форма на тромботични состојби посебно кај млади луѓе Одборот излезе со две препораки – првата е дека тие несакани тромботични ефекти треба да влезат во упатството на самата вакцина и второ дека секоја држава треба да заземе став во однос на тоа како ќе се користи вакцината. Согласно тоа по утринските консултации донесовме став во нашата земја вакцината на AstraZeneca да не се дава на помлади лица од 60 години, рече Филипче.

Министерот посочи дека за тие што веќе добија една доза вакцина на AstraZeneca, а тоа се луѓето кои се вакцинираа во Србија, нема никакви препораки за каква било претпазливост, освен ако имаат некакви симптоми да се јават на контрола и преглед на лекар.

– Во однос на ревакцината со оглед на тоа што треба да дојде за период од три месеци засега нема некаков став, а ќе ги следиме и насоките од ЕМА и од други национални агенции и во текот на следниот период ќе заземеме став и во однос на ова прашање, додаде Филипче.

Околу 15.500 граѓани се вакцинирани со AstraZeneca во земјава, засега нема никакви несакани реакции

Речиси 15.500 повозрасни граѓани во земјава се вакцинирани со AstraZeneca и засега нема пријавена ниту една несакана реакција од вакцинацијата, изјави Филипче.

Тој појасни дека останува само пријавениот случај на 28-годишната девојка која имала несакани реакции по вакцинација со оваа вакцина во Србија.

-Близу 15.500 граѓани досега се вакцинирани со AstraZeneca во земјава. Во текот на денот се вакцинирани околу 1.000 и освен таа реакција кај девојката нема друга. Нема никаква несакана реакција официјално пријавена во МАЛМЕД која бара внимание или значење. Несакана реакција во смисла на локална реакција која се очекува после вакцината, мало црвенило, болка… не е нешто што би требало да се пријави како ефект или нешто што би било од клиничко значење, изјави министерот Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан за тоа дали медицинските сестри од стоматолошки ординации ќе бидат вакцинирани, министерот за здравство истакна дека тоа ќе се случи наскоро бидејќи и тие како здравствени работници се на приоритетна листа. Тоа што досега не биле вакцинирани, појасни, можеби се должи на некои техники пропусти.

-Можеби станува збор за некои технички пропусти, но тоа ќе се надмине, бидејќи и тие како здравствени работници се во приоритетна група за вакцинирање, рече министерот за здравство.

Не може светот да живее со затворени граници, најголем проблем е локалната трансмисија

Не може светот да живее со затворени граници. Најголем проблем е локалната трансмисија, вака одговори министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање зошто земјава не воведува задолжителен карантин за тие што доаѓаат од странство и дали има ризик да „увеземе“ бразилски сој на COVID-19.

Според Филипче, најважно е да се придржуваме до превентивните мерки.

Ланскиот втор бран, потсети, беше резултат на еден сој кој беше типичен за нашето поднебје и беше поприсутен од почетокот на ноември.

-Минатата година не беше увезен никаков сој на вирус, а повторно имавме силен бран како што имаме сега. Затоа е битно, без разлика на сите форми и соеви на вирусот, да се придржуваме до превентивните мерки зашто тие се универзални и важат како превенција за кој било тип на вирус, истакна министерот.

Следната недела се очекува да пристигне новата терапија за третман на пациенти болни од COVID-19

Во текот на следната недела се очекува во земјава да пристигнат околу 1.500 пакувања од новата терапија што веќе се применува во САД во третман на пациенти болени од COVID-19.

Министерот Филипче денеска појасни дека се работи за терапија која влијае на намалувањето на репликацијата на вирусот.

– Тоа е терапија на едно спефицично антитело што го набавуваме преку заедничкиот систем на набавка на Европската Унија. Веројатно во текот на следната недела треба да пристигне. Има специфична индикација кога се дава – на почеток на болеста, во раната фаза, и.т.н., изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на денеска пред салата „Борис Трајковски“.

Каде ќе биде распоредена новата терапија, ќе одлучува мини кризниот штаб во кој членуваат директорите на клиниките.

Во однос на лекувањето на пациентите кои имаат тешка клиничка слика, како што посочи министерот, се применуваат сите потребни терапии, но за жал, многу често терапијата не дава резултати. Тоа е случај и кај пациенти кои навреме се јавиле и кај оние кои доаѓаат со потешка клиничка слика.

– Сведоци сме на многу брзи влошувања и многу тешка клиничка слика, подвлече Филипче.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе