Филмот „М“ на Вардан Тозија ќе учествува на фестивалот во Котбус

Скопје, 27 септември 2021 (МИА) – Филмот „М“ во режија на Вардан Тозија ќе учествува на сесијата „Works in progress“ (Филмови во изработка), на филмскиот фестивал во Котбус, Германија.

Како што информираат од „Фокус Покус“, кои се продуцентите на филмот, од стотиците апликанти, само шест проекти се одбрани да бидат презентирани пред заинтересираните агенти, дистрибутери, ТВ и фестивалски едитори, и посочуваат дека ова е одлична можност за промоција на филмот, кој е во финалната фаза на постпродукција.

-Инаку, филмот „М“ е фантастична бајка која ја раскажува приказната за осумгодишниот Марко, кој во дистопискиот и опасен свет на нашата блиска иднина е во потрага по својата мајка. Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, а маскер е Горан Игњатовски, соопштија од „Фокус Покус“.

Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ Вејзовиќ.

Филмот е официјална копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција.

Повеќе за фестивалот прочитајте на ОВОЈ ЛИНК.

реклама

Избрани 31 градоначалник во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ со најмногу победници

Read more

Малолетната ќерка на Хајди Клум позираше со разголени гради за Rollacoaster

Read more

Апасиев: Имаме советници во над 30 општини

Read more

Кање со бизарна маска се појави на свадба кај синот на најбогатиот човек во светот

Read more

Филм & ТВ

Серијата „You“ ја престигна „Squid Game“ и моментално е најгледана на Netflix

Read more

Бокс-офис: Хоророт „Halloween Kills“ директно на врвот

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Најважните животни лекции што ќе ги научите од „Squid Game“

Read more
 

Сцена

Кање со бизарна маска се појави на свадба кај синот на најбогатиот човек во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Серијата „You“ ја престигна „Squid Game“ и моментално е најгледана на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

Бокс-офис: Хоророт „Halloween Kills“ директно на врвот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Најважните животни лекции што ќе ги научите од „Squid Game“

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа Роберт Патинсон во улогата на Бетмен?

Читај повеќе

Гледањето хорор филмови ги ублажува симптомите на стрес и анксиозност

Читај повеќе
  • filter

16 октомври 2007, загина Тоше Проески

Читај повеќе

Адел: Сакам да му објаснам на син ми зошто му го уништив целиот живот за мојата среќа

Читај повеќе