Финска ќе им даде милијарда евра на компаниите за да закрепнат од кризата

Б.С.Б.
/ 14.05.2020 / 15:40

Финската влада ќе им додели поддршка вредна скоро милијарда евра на компаниите кои се економски погодени од избивањето на пандемијата со коронавирусот, изјави министерот за економија Мика Линтила.

Претходно, финската Влада ги поддржа кредитите и ги упати компаниите на инвестициони фондови, но новиот износ ќе биде директна поддршка за ублажување на ненадејниот пад на приходите на компаниите, изјави Линтила на прес-конференција.

„Со новата поддршка сакаме да спречиме бран на банкроти и губење на работни места. Целта е да се промовира брзо закрепнување на компаниите од корона-кризата и да се избегнат отпуштања на работниците“, наведе тој во изјавата.

Минатата недела Владата одлучи да одобри директна финансиска помош за рестораните, а сега министерот рече дека новата поддршка ќе биде за сите компании. Предуслов за добивање помош ќе биде јасниот пад на приходи на компаниите предизвикан од избивање на коронавирусот.

Компаниите парите ќе можат да ги трошат за фиксни трошоци како плаќање на кирии или за исплата на плати. Во Финска досега се регистрирани 6.236 потврдени случаи од кои 4.300 се целосно закрепнати. Има 290 смртни случаи како последици од COVID-19, а направени се 137.000 тестирања.

Децата од денес се вратија во градинките и основните училишта бидејќи Владата почна да ги ублажува мерките за ограничување.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Read more

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Read more
 

Вести

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе