Фон дер Лајен: Не смееме да им ја затвориме вратата на Северна Македонија и на Албанија

Скопје, 20 јули 2019 (МИА) – Урсула фон дер Лајен, во првото интервју како претседателка на Европската Комисија, ги потврди заложбите за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.

-Тие се наши соседи, вели Фон дер Лајен во интервју за германскиот магазин „Шпигел“.

Претседателката на ЕК вели дека ќе се залага за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, веднаш откако ќе се оцени дека овие две држави ги исполниле критериумите, пренесува „Дојче веле“.

Фон дер Лајен во вторникот беше избрана за прва жена во историјата на чело на Европската Комисија. Во текот на кампањата во која ги убедуваше европратениците во Европскиот Парламент да гласаат за неа, таа во неколку наврати во своите приоритети ги наведуваше и преговорите со двете западнобалкански држави, а во првото интервју тоа и го потврдува.

– Треба да отвориме преговори со тие земји веднаш откако Европскиот совет ќе донесе заклучок дека се исполнети критериумите. Треба да ја оставиме испружена раката кон овие земји. Го делиме истиот континент, истата историја, ние сме соседи. Доколку на овој регион му ја затвориме вратата, си предизвикуваме штета себеси, рече Фон дер Лајен во интервјуто за „Шпигел“.

Фон дер Лајен треба да ја преземе новата функција на 1 ноември годинава.

Пред десетина дена, пред претставувањето пред политичките фракции во Европскиот Парламент, Фон дер Лајен ја пофали Северна Македонија како светол пример. – Западниот Балкан мора да се сфати посериозно, а Северна Македонија е светол пример за позитивни постигнувања, рече тогаш таа.

Урсула фон дер Лајен, во својство на министерка за одбрана на Германија, беше во посета на земјава во септември 2018 година, пред референдумот. Тогаш таа рече дека земјава има уникатна шанса што не смее да ја пропушти за влез во евроатланстското семејство и порача дека ЕУ сака да гради иднина со земјава. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе