УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/23

Франција, Италија и Англија: Една победа во 12 натпревари

Светскиот шампион Франција, европскиот првак Италија, како и финалистот од последното ЕУРО, фудбалерите на Англија, заедно имаат само една победа по четири кола од новата сезона на Лигата на нации.

Овие три престижни репрезентации се дефинитивно најголемото разочарување досега на елитната лига од новата сезона во Лига на нации, а единствената победа ја оствари Италија на домашен терен против Унгарија со 2:1, додека унгарските фудбалери засега се сензација бидејќи водат во група каде се придружувани од великаните Германија, Италија и Англија.

Севкупно, актуелните светски шампиони и двата финалиста од последното ЕУРО имаат 1 победа, 6 нерешени и 5 порази. Јасно е дека овие репрезентации многу комбинираа и тестираа различни тактики во играчкиот кадар во текот на јуни, но тоа го направија и останатите репрезентации.

Поразително е и тоа што во елитната Лига А само Франција, Англија и Велс се без победа по четири кола. Исто така, Англија за 360 минути постигна само еден гол, и тоа оној на Хари Кејн од сомнителниот пенал против Германија, што ги прави Англичаните убедливо најслабиот напаѓачки тим во елитната Лига на нации.

Овие три репрезентации лошо работеа до последното коло, а потоа се доби уште погрд впечаток за нив. Франција за прв пат во историјата загуби од Хрватска, а еден од најлошите порази во историјата го претрпе Англија синоќа кога загуби со 0:4 дома против Унгарија, додека Италија загуби со 5:2 од Германија. Сепак, Италијанците до 78. минута губеа со 5:0.

Резултати на Франција:

1:2 Данска
1:1 Хрватска
1:1 Австрија
0:1 Хрватска

Резултати на Италија:

1:1 Германија
2:1 Унгарија
0:0 Англија
2:5 Германија

Резултати на Англија:

0:1 Унгарија
1:1 Германија
0:0 Италија
0:4 Унгарија

реклама

Фудбал

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more
 

Спорт

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе