Франција не го сака, Лапорт ќе игра за Шпанија на ЕУРО

Баскиецот никако не добива повик од Дидје Дешам, па одлучи среќата да си ја побара преку границата и да ги брани боите на Шпанија.

Неговата татковина Баскија е поделена помеѓу Франција и Шпанија. Ајмерик Лапорт не може да игра за баскиската репрезентација, но може да бира помеѓу Франција и Шпанија. Роден во Франција, тој има настапувано за сите младински категории на „Галските петли“, но во сениорската репрезентација никако да припари. Месецов ќе полни 27 години и веќе му се смачи од чекање.

Како што пренесува Marca, дефанзивецот, кој годинава е стандарден во редовите на Манчестер Сити, веќе добил зелено светло од шпанскиот селектор Луис Енрике кој, пак, побарал од Кралската фудбалска федерација на Шпанија да се заангажира и да отпочне процедура за промена на спортски пасош кај ФИФА.

Лапорт ги исполнува сите услови на ФИФА за промена на репрезентација: нема ниту еден настап на сениоско ниво за Франција, а има живеено и повеќе од неопходните 5 години во Шпанија бидејќи 8 години живееше во Билбао играјќи за Басконија и Атлетик. Иако роден во Франција, се квалификува да игра за Атлетик бидејќи е етнички Баскиец, а како што е познато клубот дозволува само Баскијци да го носат неговиот дрес.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе