Французите ќе можат на летен одмор, но само во Франција

МИА / КАЈГАНА
/ 14.05.2020 / 18:18

Граѓаните на Франција ќе заминат на годишен одмор летово во текот на јули и август, нагласи премиерот Едуар Филип и објави пакет вреден 18 милијарди евра наменет за спас на домашниот туризам.

– Она што е добро за туризмот е често добро и за Франција, она што го погодува туризмот ја погодува Франција, сумираше премиерот Едуар Филип во презентирањето на неговиот план.

Во секторот за туризам во моментов во државата има околу два милиона вработени, сите од нив сега се наоѓаат на режимот на парцијална невработеност.

Рестораните би требало да отворат во зелените зони (таму каде вирусот е под контрола) на Франција на 2 јуни, но точниот датум ќе биде соопштен на 25 мај, а државната помош за претпријатијата од туристичкиот сектор ќе продолжи до крајот на 2020.

– Французите ќе можат да одат на одмор во јули и август, во Франција или во прекуокеанските департмани на земјата, најави премиерот. Сепак, тој додаде дека „нема многу сигурност за оваа прашање“.

Тој, исто така вети, во договор со професионалци во овој сектор, „целосно враќање на парите од резервациите на Французите во случај на откажување на нивната резервација поврзана со COVID-19“.

За заминување на летен одмор во странство или во Шенген зоната ќе треба да се почека на нова одлука.

И доколку навистина на Фрнацузите не им биде дозволено летување надвор од Франција, не мора многу да се грижат. Франција има територии низ целиот свет, па така нејзините жители ќе можат слободно да одат на одмор во Француска Гвајана (Јужна Америка), Свети Пјер и Микелон (Атлантски Океан), островите Гваделуп, Мартиник, Свети Мартин и Свети Вартоломеј (Карипско Море), Француска Полинезија, Нова Каледонија, Валис и Футуна, Клипертон (Тихи Океан), Реинион, Мајот и Расеани Острови (Индиски Океан).

Француска Полинезија
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе