Фрчкоска: Изјавата на Рускоска е еден вид притисок врз судиите

Скопје, 20 ноември 2019 (МИА) – Изјавата на обвинителката Вилма Рускоска дека ќе ги гони судиите од Апелацискиот суд кои вчера ѝ одредија куќен притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, според адвокатката Ирена Фрчкоска е непримерна, недозволена и еден вид на притисок врз судиите.

– Останавме зачудени од ваквата реакција и сметаме дека е непримерна, недозволена и е еден вид на притисок врз судиите, особено што испраќа лоша порака кон сите судии дека отворањето на финансиска истрага имплицира некаква можна корумпираност, што сметам дека е апсолутно недозволиво и ги оневозможува судиите објективно и непристрастно да ги носат своите одлуки. Од друга страна исто зачудува изјавата и од аспект дека, тоа исто, Обвинителство даде согласност Горан Милевски да биде пуштен во куќен притвор под нејасни околоности, изјави Ирена Фрчкоска, еден од бранителите на Јанева.

Посочи дека одлука за определување куќен притвор е апсолутно законска и се базира на факти.

– Гаранцијата не е прифатена, прифатен е предлогот за определување на куќен притвор, а изречени се и мерки забрана за комуникација со лица опфатени во кривично правниот настан, како и употреба на средства за комуникации. Како одбрана сметаме дека оваа одлука е апсолутно законска и се базира на факти, особено што притворот на Јанева траеше предолго, до вчера цели 92 дена, рече Фрчкоска. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе