Фудбалер убиен со шест куршуми среде натпревар

Макфакс/Кајгана
/ 01.02.2024 / 18:33

Страшни вести доаѓаат од Мексико. На пријателски натпревар меѓу аматерски клубови во градот Куаутла, убиен е фудбалерот Серхио Алберто Хауреги (31). Кога фудбалерот се приближил до клупата за резервни играчи, непознат напаѓач му пришол и испукал шест куршуми во него.

Хауреги паднал на земја и набргу починал, а убиецот избегал со мотор кој го чекал пред стадионот. Брзата помош не можела да пристигне навреме за да му помогне на фудбалерот, додека полицијата сѐ уште трага по убиецот кој пукал во спортистот.

URL

За смртта на фудбалерот извести и клубот Атлетико Сан Луис Реј, за кој настапувал.

„Жалиме за смртта на нашиот поранешен играч и капитен Серхио Хауреги, кој ги бранеше боите на нашиот тим. Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство“, соопштија од поранешниот клуб на убиениот фудбалер.

Серхио Алберто Хауреги беше боливиски фудбалер кој со години ја градеше својата професионална кариера како дефанзивец, а беше и капитен на мексиканскиот клуб.

URL

Соиграчите го сметаа за вистински лидер, лидер на теренот и доминантна фигура кога е фудбалот во прашање. Тој се пензионираше во 2015 година за да ја смени професијата, но продолжи да игра за полупрофесионални и аматерски клубови.

URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе