Македонската репрезентација до 18 години ќе одигра два пријателски натпревари против соодветната селекција на Израел на почетокот од октомври, а нашиот селектор веќе го објави списокот со повикани фудбалери.
Гостувањето на сениорската репрезентација во Израел во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 очигледно доведе и до соработка помеѓу двете федерации.
Договорени се две тест средби помеѓу македонската и израелската репрезентација за фудбалери до 18 години. Натпреварите ќе се играат во Ветената земја на 4 и 6 октомври.
Селекторот Шкумбин Арслани веќе го скрои списокот повикувајќи ги следниве 21 играч:
Голмани:
Кристијан Китановски - Вардар
Иван Николоски - Работнички
Одбрана:
Али Асани - Вардар
Филип Костовски - Њу Старс
Алтрим Јакупи - Шкендија
Александар Ѓурковски - Вардар
Имран Фетаи - Шкендија
Виктор Крстевски - Вардар
Бенјамин Далипи - Хрватски Драговољац (Хрватска)
Анатолиј Петејчук - Вардар
Средина:
Димитар Тодоровски - Работнички
Лука Станковски - Работнички
Иван Николов - Академија Пандев
Хамза Рамани - Шкупи
Редон Ќамили - Шкендија
Леонид Игнатов - Вардар
Луан Абази - Сент Гален (Швајцарија)
Миран Салији - Сент Гален (Швајцарија)
Напад:
Азер Омерагиќ - Вардар
Марио Илиевски - Септември (Бугарија)
Методи Максимов - Работнички