Фудбалерките со крпен тим торпедирани од Франција

Филип Здравески
/ 23.09.2020 / 09:43

Македонската женска сениорска фудбалска репрезентација доживеа убедлив пораз од 0:7 синоќа среде Скопје од моќната Франција.

Голеада и се очекуваше со оглед на сите проблеми со кои се соочи селекторот Кирил Изов. Прво поради повреда отпадна најдобрата фудбалерка Наташа Андонова, а поради суспензија од жолти картони не можеше да игра ниту втората најдобра, Гентјана Рочи. Поради рестрикции поради короната не можеа да дојдат уште две интернационалки, па со домашен состав Изов требаше да истрча против една од топ 10 репрезентациите во светот. Потоа на ден пред натпреварот дури седум фудбалерки излегоа позитивни на COVID-19, па мораше да прави додатни промени „во 5 до 12“.

Како што и се очекуваше, Французинките од почеток ја презедоа иницијативата и контролата на играта, па фудбалот практично се играше на македонската половина.

Головите за Франција ги постигнаа Ожени Ле Сомер во 15. и 19. (пен), Мари-Антоанет Катото во 22., Елиза Де Алмеида во 52. и 90.+3, Марион Торан во 79. и Вивјан Асеји во 83. од пенал.

За Македонија настапија: Панчурова; Живиќ, Коларовска, Јошевска, Положани; Милеска (к); Максути, Шемсовиќ, Мустафа (87' Петровска), Јаковска (90'+3 Велеска); Салихи (81' Чубриновска).

Фото: ФФМ

Ова беше петти пораз за Македонија во квалификациите за ЕУРО каде сме на 4. место со 3 бода, единствено пред Казахстан кој има 0.

Наредниот натпревар на македонската репрезентација е повторно против Франција, овој пат на гости и тоа на 23 октомври.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе