КУП НА МАКЕДОНИЈА 2021/22

Фудбалски куп: Жрепката сојузник на фаворитите

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извршена жрепката за осминафиналето од Купот на Македонија.

Фото: Филип Здравески

Фортуната беше наклонета кон фаворитите за драгоцениот пехар и беа избегнати дерби дуели во оваа фаза. Но, тоа не значи дека сите натпревари се лесни.

Бранителот на тронот, кратовски Силекс ќе игра против Беласица, исто така второлигаш сезонава.

Шкендија го извлече градскиот ривал Ренова, против кој важи за фаворит, исто како што е и случајот со Шкупи кој ќе игра против Тиквеш.

Академија Пандев за противник ја доби Македонија ЃП, што ќе биде реприза на финалето од пред две години.

Работнички ќе патува во Битола на незгоден дуел со Пелистер, додека Вардар ќе се соочи со градскиот ривал Скопје.

Во оваа фаза учествуваат сите 12 прволигаши, како и 4 второлигаши.

Двојки за осминафиналето:

Струга (1) - Борец (1)
Академија Пандев (1) - Македонија ЃП (1)
Шкендија (1) - Ренова (1)
Вардар (2) - Скопје (1)
Брегалница (1) - Охрид Лихнидос (2)
Беласица (2) - Силекс (2)
Пелистер (1) - Работнички (1)
Шкупи (1) - Тиквеш (1)


Се игра само еден натпревар без реванш. Доколку по 90 минути игра резултатот е нерешен, веднаш ќе се шутираат пенали, без продолженија.

Натпреварите ќе се играат на 20 октомври (среда) со почеток во 14 часот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе