КВАЛИФИКАЦИИ ЗА У21 ЕУРО 2021

Фудбалските надежи ги прегазија Фарските Острови

Фудбалската репрезентација до 21 година оствари убедлива победа од 7:1 против врсниците од Фарските Острови во првиот натпревар од квалификациите за пласман на младинското ЕУРО 2021.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски, кој поради суспензија од трибини го водеше тимот, ја наполнија прежата на немоќниот гостин, а имаа шанси да остварат и двоцифрена победа.

Можно изненадување на најавија гостите кога во 19-тата минута од белата точка резултатот го отвори Јакуп Андреасен откако во шестнаесетникот со рака играше Агрон Руфати. Седум минути подоцна израмни Димитар Митровски, а до полувремето прво Дарко Чурлинов зголеми на 2:1,  потоа гол за 3:1 постигна повторно Митровски.

Во вториот дел младите Македонци постигнаа уште 4 голови и тоа Ердон Даци, Есмин Личина и повторно Чурлинов и Митровски. За Митровски тоа беше трет гол, прославувајќи хет-трик.

Доколку дадеа барем уште еден гол ќе ја постигнеа најубедливата победа во историјата на У21 репрезентацијата. Вака, се израмнија со онаа 7:1 победа во пријателска над Бугарија одиграна во Радовиш во средината на 90-тите.

Во другите натпревари од нашата група, Израел славеше со 2:1 на гости кај Казахстан, додека Шпанија и Црна Гора играат вечерва.

Табела (во заграда се одиграните натпревари):
Казахстан 6 (4)
Македонија 3 (1)
Црна Гора 3 (2)
Израел 3 (1)
Шпанија 3 (1)
Фарски Острови 0 (3)

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе