Гејтс најави нова книга наречена „Како да ја спречиме следната пандемија“

Милијардерот Бил Гејтс е автор на нова книга наречена „Како да ја спречиме следната пандемија“ („How to Prevent the Next Pandemic“), која треба да биде објавена во мај годинава.

Во најавата за книгата тој порача дека пандемијата на коронавирусот може да биде последна, без оглед на тоа колку делува невозможно според сегашните околности.

Напомна дека коронавирусот даде јасно до знаење дека приоритет мора да биде елиминирањето на закани кои можат да предизвикаат следна пандемија.

Гејтс вели дека ја следи пандемијата уште од самиот почеток и работејќи со експерти, научил многу за неа. Укажа дека со книгата сака да го сподели тоа што го слушнал од експертите со кои соработувал, со цел да придонесе за превенирање нови пандемии.

„Во книгата се осврнав на специфични мерки кои може да ги преземеме не само за да запреме пандемија туку и да овозможиме подобра здравствена заштита на луѓето низ светот“, вели Гејтс.

Книгата содржи и разговори со Ентони Фаучи и Тедрос Адханом Гебрејесус. Наведе дека има напишано и за теориите на заговор.

Заклучокот на Гејтс е дека со вистински избори и инвестиции пандемијата на коронавирусот може да се направи да биде последната пандемија.

Remote video URL
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе