Благодарение на вакцините против COVID-19, светот би требало да се врати во нормален живот до крајот на 2022 година, изјави Бил Гејтс во интервју за полскиот весник Gazeta Wyborcza, пренесе Reuters.
„Ова е неверојатна трагедија“, изјави основачот на Microsoft за пандемијата и додаде дека пристапот до вакцини е единствената добра вест.
Тој смета дека светот „до крајот на 2022 година целосно ќе се врати во нормален живот“. Гејтс е милијардер кој во 2014 година се повлече од лидерската позиција во Microsoft и преку фондацијата Бил и Мелинда Гејтс досега донираше најмалку 1,75 милијарди долари за глобалната битка против COVID-19.
Тоа вклучува и поддршка на некои произведувачи на вакцини, дијагностика и потенцијални третмани, пренесе Reuters.