Германија претстави феминистичка стратегија за надворешната политика

Германските министерства за надворешни работи и за развојна помош сакаат да ја поддржат позицијата на жената во иднина со феминистичка стратегија за надворешна политика, беше соопштено денеска во Берлин.

- Ние не повикуваме на револуција, тоа е нешто што се подразбира, рече министерката за надворешни работи Аналена Баербок (Зелените) додека ја претставуваше новата феминистичка стратегија за надворешна политика, која претходно денеска беше одобрена од федералната влада.

Баербок објасни дека новата стратегија не е за ограничувања туку за проширување на соработката со другите земји.

- Станува збор за зајакнување на положбата на жените кога станува збор за застапеност, права и пристап до ресурси, рече Баербок.

Таа нагласи дека „Германија може многу да научи“ од земји како Албанија и Руанда, каде жените се многу поприсутни во политиката отколку во Германија.

Германската министерка за развојна помош Свења Шулце (Социјалдемократската партија на Германија СПД) најави дека до 2025 година 93 отсто од ветените средства треба да бидат наменети за проекти кои гарантираат еднаквост.

Во иднина, како што нагласи Шулце, приоритет ќе имаат проекти во кои учествуваат и жени.

- Важно е да им се овозможи на жените пристап до образовниот, финансискиот и здравствениот систем преку проектите, нагласи Шулце.

Феминистичката надворешна политика беше вклучена во коалицискиот договор на социјалдемократско-зелено-либералната влада на Олаф Шолц.

Демохристијанската опозиција генерално го поздрави воведувањето на феминистичките принципи во германската надворешна политика, но изрази скептицизам во однос на нивната применливост.

- На крајот, тоа е само етикета која длабоко навлегува во структурата и работните текови на Министерството за надворешни работи, а која во исто време нема да има никаков ефект врз реалниот свет на надворешната политика, рече Силвија Бреер, една од потпретседателите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Во исто време, таа ја обвини министерката Баербок за неефикасност кога станува збор за политиката кон Иран и Украина.

- Компасот на министерката сè уште очигледно не е прилагоден. Во спротивно, таа не би ги набљудувала страдањата на жените во Иран без да преземе нешто, изјави демохристијанската политичарка.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе