Германија воведува гранични контроли со три земји

Германија планира да воведе стационарни контроли на границите со Полска, Швајцарија и Чешка и да ги продолжи граничните контроли со Австрија, кои беа воведени уште во 2015 година, објави во понеделникот германската влада.

„Федералната полиција сега има на располагање голем број мерки за да може да реагира на моменталната ситуација“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер (Социјалдемократската партија на Германија, СПД).

Министерот го оправда воведувањето стационарни контроли на границите со Полска, Чешка и Швајцарија поради големиот број нелегални влегувања во Германија годинава. Истовремено, беше побарано шестмесечно продолжување на граничните контроли кон Австрија, кои беа воведени есента 2015 година.

„Нашата цел е да го спречиме шверцот со луѓе и да се бориме против нерегуларната миграција“, рече Фезер.

Од јануари до крајот на септември, околу 100.000 луѓе илегално ја преминале германската граница. Во исто време, бројот на поднесени барања за азил се приближи до рекордни нивоа од екот на мигрантската криза во 2015 година, што го зголеми притисокот врз федералната влада, а особено врз министерот за внатрешни работи.

Веќе се можни мобилни контроли на шенгенските граници кон Полска, Чешка и Швајцарија, кои можат да се изведат до 50 километри на германска територија.

Баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман побара од социјалдемократскиот министер да го зголеми бројот на граничните полицајци.

„Се надевам дека со воведување контроли министерката не само што испраќа сигнал, туку и дека ќе испрати уште многу полицајци на границата“, рече Херман.

Сојузната покраина Баварија граничи со Швајцарија, Австрија и Чешка.

Во последниве месеци, бројот на нелегални влезови во Германија е зголемен, особено преку источната рута што води низ Полска и Чешка. Дел од бегалците Белорусија и Русија намерно ги префрлаат преку границите со цел да ја дестабилизираат Европската Унија.

Мнозинството илегални имигранти ја наведуваат Германија како своја крајна дестинација. Во петокот во Берлин беше постигнат начелен договор меѓу владата, опозицијата и сојузните покраини за мерките кои ќе придонесат за намалување на бројот на бегалците.

Опозицијата и некои сојузни покраини веруваат дека намалувањето на социјалните бенефиции би ја намалило и мотивацијата на оние кои свесно ја избираат Германија како крајна цел.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе