Главоболка од вино, мачнина од виски: Она што го пиете ви кажува каков мамурлак ве очекува

Се ближи празничната сезона, а тоа често значи повеќе поводи за дружба и наздравување. Речиси секој сака да се напие чашка повеќе од омилениот алкохол и да се опушти за празниците, но мора да се има мерка за сѐ.

Сакате да го спречите ужасниот мамурлак? Тогаш е добро да знаете дека не зависи само од тоа колку пиете, туку и од тоа што пиете.

Вареното вино е вообичаен избор во овој период од годината, но содржи многу шеќер, па ќе предизвика замор и вртоглавица следниот ден. Од друга страна, ако изберете текила и не претерате со пиење, веројатно нема да ги почувствувате ни симптомите на мамурлак.

Еве каков мамурлак да очекувате во зависност од тоа каков пијалок пиете.

Темни пијалоци: Болка во мускулите и силна мачнина

Општиот лекар д-р Зенон Андреу изјави за Daily Mail дека со пиењето светли жестоки алкохолни пијалоци како вотка и џин внесувате помалку конгенери. Конгенерите се нуспроизвод на процесот на ферментација во производството на темните пијалоци како бренди, коњак, темен рум и виски, како и жолта ракија.

Темните алкохолни пијалоци може да ги продолжат симптомите на мамурлакот бидејќи вашето тело треба да ги разгради и алкохолот и сродните супстанции. Познато е дека конгенерте ги влошуваат симптомите како што се главоболки, болки во мускулите и гадење. Д-р Андреу додаде дека тие можат да бидат токсични, што значи дека се мешаат во функциите на клетките на вашето тело, нарушувајќи ја способноста на телото да се опорави следното утро.

Црвено вино: Главоболка

Главоболката е специфична за црвените вина, а некои луѓе доживуваат гадење и мигрена за само 15 минути откако ќе испијат чаша. Темното вино содржи природни материи наречени тирамин и хистамин кои можат да предизвикаат стеснување на крвните садови во телото и да предизвикаат главоболки, вели д-р Андреу.

„Овие супстанции понекогаш ги има и до 200 проценти повеќе во црвеното отколку во белото вино“, додаде докторот.

Нутриционистот Кери Бисон вели дека органското црвено вино може да биде подобра опција.

„Се покажа како корисно во мали количини“, тврди таа.

Варено вино: Вртоглавица, треперење и замор

Иако вареното вино има помала содржина на алкохол, доколку се консумира прекумерно, природните и додадените шеќери во вареното вино можат брзо да го подигнат нивото на шеќер во крвта, што исто така може да предизвика главоболки следниот ден.

Ова се должи на хипергликемија или реактивна хипогликемија, прекумерна или премала компензација на гликоза во вашиот крвоток. И, како резултат на тоа, може да доведе до непријатни несакани ефекти како што се вртоглавица, треперење и замор.

Нутриционистката Јалда Алауи рече дека како ќе се чувствувате следниот ден зависи и од калориите во пијалокот.

Додека чаша вино од 125 милилитри содржи околу 125, а шампањот околу 95 калории, една чаша зашеќерено варено вино во просек има 235 калории, што предизвикува желба за шеќер и влошување на мамурлакот следниот ден.

„Препорачувам да се држите подалеку од засладените алкохолни пијалоци и да изберете суво вино или шампањ за да ги намалите нарушувањата на шеќерот во крвта и да ја намалите желбата по конзумирањето“, додаде Алауи.

Премногу алкохол: Дехидратација

Кога пиете алкохол, тој влегува во крвотокот и го инхибира производството на вазопресин, хормон на хипофизата кој му кажува на телото да ја задржи водата во бубрезите, објасни д-р Кетрин Басфорд.

И тогаш водата оди директно во мочниот меур и ве остава дехидрирани.

Главоболката која често сигнализира мамурлак е реакцијата на мозокот на губење на течности, додека гадењето и недостатокот на енергија што ја придружуваат главоболката се одговор на телото на низок шеќер во крвта и губење на минерали и електролити кои му помагаат на телото да функционира правилно. Колку повеќе пиете, поголема е веројатноста дека ќе ги почувствувате тие ефекти и ќе ви треба подолго време да се опоравите“, истакна таа.

Текила: Без мамурлак ако не претерате

Текилата на многумина им е омилен пијалок за ноќно излегување бидејќи не предизвикува мамурлак, сѐ додека вие контролирате колку ја пиете.

Чистата, квалитетна текила направена од 100 проценти агаве поминува низ различни видови процеси на ферментација, што значи дека има помалку шеќер и сродни материи во пијалокот што прави да се чувствувате толку лошо следниот ден.

„Кога се консумира умерено и со вода што ве одржува хидратирани, можеби ќе можете да се разбудите следниот ден без мамурлак“, заклучува д-р Андреу.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе