Останати спортови
НХЛ Е ПОСЕБНА СПОРТСКА ПРИКАЗНА

Гол за историја, прв по речиси седум години

10. јануари 2020 - 12:25 | А.С.

Постигнувањето гол е голем успех, но е посебна приказна кога тоа го прави голманот и тоа во хокеј.

Пека Рине стана 12-тиот голман во историјата на НХЛ кој успеал да постигне гол во најјаката хокеарска лига во светот и прв по Мајк Смит на кого последен му успеа тоа на 19 октомври, 2013 година.

„Навистина е неверојатно, нема да лажам. Нкогаш досега не сум постигнал гол и навистина беше посебен момент. Отсекогаш сум сонувал да постигнам гол и тоа конечно се случи“, рече по натпреварот 37-годипниот Финец.

Голманот на Нешвил Предаторс шутираше на празниот гол на Чикаго Блекхокс 20 секунди пред крајот на натпреварот, при водство на неговата екипа од 4:2.

Домаќините губеа со 3:2, а минути пред крајот гостите постигнаа два гола на празна мрежа. Првиот беше за 4:2, а вториот беше мајсторијата на Рине за конечни 5:2 која долго време ќе се памети од натпреварот во Чикаго.

Коментирај