ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Голем расплет во групите Е и Ф: Хрватска против Белгија, Германците во незавидна ситуација

Со натпревари во групите Е и Ф денеска продолжува Светското првенство во Катар, а во центарот на вниманието ќе биде пресметката меѓу Хрватска и Белгија која директно ќе одлучи кој ќе оди во осминафиналето.

Хрватска е на врвот на табелата во групата Ф, но сè уште нема обезбедено пласман во осминафиналето. Доволно би било бод против Белгија, а победата можеби на „огнените“ би им ја донела првата позиција и малку полесен пат до втората фаза од натпреварувањето.

„Пред нас е решавачката игра против втората репрезентација во светот од листата на ФИФА. Тие се одлична репрезентација, сигурно кога би можеле да бираме, тие не би го избрале тој натпревар да одлучува. Тоа е и клучен натпревар за нив и нема да не залажуваат нивните малку послаби игри. Нема да биде лесно, нема да играме за бодови затоа што таквата игра секогаш носи нешто лошо“, рече хрватскиот селектор Златко Далиќ во најавата за натпреварот.

„Ова е натпревар по кој нема опоравување. Факт е дека ние и Белгија различно размислувавме за исходот од групата. Важно е дека сме на вистинското ниво. Ќе биде сигурно поинаку отколку во првите две игри“, додаде Далиќ, кој нема премногу да го менува составот во однос на натпреварот против Канада.

Од друга страна, на Белгија ѝ е потребна само победа, која секако ќе ја однесе понатаму, а важна вест би можело да биде најавеното враќање на Ромелу Лукаку во стартниот тим.

Во вториот натпревар од оваа група се среќаваат Мароко и Канада, а на Мароканците им е доволен и бод да обезбедат премин.

Возбудливо ќе биде и во групата Е, каде сите четири селекции имаат шанса да напредуваат. Се очекува Шпанија да го потврди патот до осминафиналето против Јапонија, но „Црвената фурија“ ќе има многу тешка задача против „самураите“, кои во некои случаи би можеле да се задоволат и со реми со голови.

Од друга страна, Германија, која беше во незавидна ситуација пред ова коло, треба да ја победи Костарика со најмалку два гола разлика за да не се плаши од евентуално реми со повеќе голови меѓу Шпанија и Јапонија, а во случај да нема голови на гореспоменатата средба, доволно им е каква било победа.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе