Голем тест за про-ЕУ политиките на Заев, пишуваат странски медиуми

Вашингтон, 17 февруари 2020 (МИА) – Македонското Собрание се распушти отварајќи пат за предвремени избори на 12 април, осум месеци пред истекувањето на тековниот мандат, како голем тест за про-ЕУ политиките на поранешниот премиер Зоран Заев, пишува денеска канадски National Post.

Наспроти стравувањата од руско и кинеско влијание на Балканот, францускиот претседател Емануел Макрон лани во октомври не даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија, наведува изданието.

Се наведува дека Скопје очекуваше да започне преговори со ЕУ веднаш по решението на проблемот околу името со својот јужен сосед Грција, откако го промени името од Македонија во Северна Македонија.

Макрон водеше група на ЕУ лидери кои се против започнување преговори и со Албанија, наведува National Post.

-И Србија и Црна Гора имаат амбиции да влезат во ЕУ, но процесот на проширување е закочен поради западните стравувања околу имиграцијата и затегнатата ситуација со Брегзит.

Двете преостани балкански земји кои се надеваат на влез во ЕУ, БиХ и Косово, се многу поназад во процесот, пишува канадското издание.

Весникот The Washington Post, пак, пишува дека инцидентот со министерката за труд и социјална политика од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во преодната Влада на земјата, Рашела Мизрахи, која два пати се појави пред табла со старото име на земјата, Република Македонија, ги разбранувал духовите во Атина и Скопје.

-Грчката амбасада испрати протестна нота, а македонскиот министер за надворешни работи ја обвини Мизрахи за непочитување на Уставот на земјата, објави изданието викендов.

Се додава дека премиерот на земјата пропорача нејзино разрешување од функција, по што Собранието на седница во саботата го изгласа разрешувањето.

реклама

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе