Големото Солено Езеро би можело да исчезне за 5 години

Научниците предупредуваат дека Големото Солено Езеро може да исчезне во рок од само пет години доколку не се преземат итни мерки за зачувување на водните тела во американската сојузна држава Јута.

За да се запре падот на нивото на езерото, секоја година во него треба да тече доволно вода за да покрие повеќе од 10.000 квадратни километри со длабочина од 30 сантиметри.

За да се постигне ова, експертите од Универзитетот Бригам Јанг (BYU) наведуваат дека потрошувачката на вода во регионот мора да се намали за најмалку една третина, а можеби и за половина.

„И покрај охрабрувачкиот пораст на законодавната активност и јавната свест, повеќето граѓани на Јута не сфаќаат колку е сериозна оваа ситуација. Примерите од целиот свет покажуваат дека загубата на солено езеро предизвикува долгорочен циклус на еколошки, здравствени и економски проблеми“, напишаа научниците во извештајот, како што пренесува Science Alert.

„Без координирани мерки, веројатно ќе се соочиме со широко распространето загадување на воздухот и водата, бројни загрозени видови, пад на производството во земјоделството и индустријата и намалено ниво на севкупниот квалитет на живот“, додаваат тие и го повикаа гувернерот на Солт Лејк Сити веднаш да започне итна акција за спас на езерото.

Високи концентрации на сол

Големото Солено Езеро не е само рај за важна флора и фауна, туку го штити и квалитетот на воздухот и го отстранува загадувањето на водата. Меѓутоа, неодамнешните истражувања покажуваат дека екосистемот достигнува опасна точка на пресврт. Бидејќи милиони литри вода се пренасочуваат од езерото годишно, нивото на соленоста почна да расте.

Концентрациите на сол сега се толку високи што флората и фауната се борат да преживеат. Во некои области, како што е северниот крак на езерото, водената маса станала розова поради масовното изумирање на фотосинтетичките микроби. Како што се суши езерското корито, постои опасност арсенот, живата, олово, бакар, органски загадувачи и цијанотоксини од езерото да влезат во воздухот преку честички прашина.

Можно решение за спас на езерото

Прашината од оваа исушена вода може да ги оштети и посевите, да ја деградира почвата и да предизвика предвремено топење на снегот. Кога едно езеро слично на она во Јута пресушило во Калифорнија, локалното население пријавило многу поголем процент на астма и кардиоваскуларни проблеми.

Водата пренасочена од Големото Солено Езеро и неговото сливно подрачје, кое се протега на околу 23 милиони хектари, главно се користи за индустриско земјоделство. Три четвртини од водата што се троши од езерскиот слив моментално се користи за наводнување на земјоделските култури, а уште 9 проценти за екстракција на минерали.

Најдоброто, а можеби и единственото, решение за спас на езерото е да се направат земјоделците помалку зависни од наводнувањето, но тоа ќе бара системски политички и социјални промени во Јута и околните држави. Доколку не се преземат координирани активности во првата половина од оваа година, научниците предупредуваат дека може да има катастрофални последици.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе