Голгетер од МЛС ќе игра за Македонија?

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, го повикал Американецот со македонско потекло Дени Мусовски во иднина да ги брани боите на земјата од каде потекнува.

„Со Мусовски го остваривме првичниот контакт. Разговарав лично со него, дали поседува македонски документи и дали кај него постои желба да игра за Македонија. Ми кажа дека ќе му треба малку време да размисли, а јас ќе продолжам да го следам, затоа што за мене тој и тоа како е интересен фудбалер“, изјави Ангеловски говорејќи за порталот Гол.мк.

Мусовски има 24 години и тек годинава заигра во МЛС во дресот на Лос Анџелес. Роден е во Хендерсон во сојузната држава Невада, а првите чекори ги прави во Лас Вегас Спортс Академи пред да се пресели во колеџ тимот на УНЛВ Ребелс. Во 2018 на драфтот бил одбран од Сан Хосе 'Рткуејкс, но за нив не заиграл во МЛС туку бил пратен на позајмица во тимот на Рино 1868 кој се натпреварува во втората го ранг лига, УСЛ.

Пред четири дена токму Мусовски беше играч на натпреварот кога со два гола му донесе победа на Лос Анџелес над Сиетл Саундерс од 3:1.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе