Голманот кој последен му одбрани пенал на Фернандеш ја откри тајната

Португалскиот голгетер е непогрешлив од белата точка веќе 17 пенали во серија, а последниот голман кој му одбрани пенал ги советувале премиерлигашките голмани како да му ја прекинат серијата.

Бруну Ферннадеш нема промашено пенал не само откако дојде во Мначестер Јунајтед, туку од 21 октомри 2018. Тогаш неговиот Спортинг играше куп натпревар против третолигашот Лоуреш, а Фернандеш во 51. минута промаши од белата точка кога голманот Мигел Суареш го одбрани неговиот удар. Спортинг победи со 1:2, а Фернандеш оттогаш не знае да погреши.

Сураеш има 29 години и е голман кој никој надвор од Португалија и не го знае бидејќи никогаш и не играл во повисоките лиги. Но, одбранетиот пенал пред две години прави сега да добива внимание.

Говорејќи за Daily Star тој открива како го причитал ударот на Бруну Фернандеш.

„Таа одбрана беше голем момент за мене. Тајната беше во малото движење на лево кое го направив“, почнува Суареш.

Мигел Суареш на натпреварот против Спортинг

„Бруну постојано гледа во голманот кога изведува пенали, па истото му го направив и јас. Гледав во него и направив лажњак дека ќе одам лево, а потоа се фрлив десно. Целта ми беше да го натеран Бруно да ја направив својата одлука што е можно покасно. Не сакав да му го направам животот лесен“, раскажува Суареш кој таа сезона беше дури резерва во третолигашот и доби панса да брани токму во Купот.

Можеби Суареш му го одбрани пеналот, но претходно Фернандеш му даде ефектен гол од дваесетина метри.

Хајлајтс од фамозниот натпревар, одбранетиот пенал е на 1:49:

Remote video URL

„Се надевам дека Бруно ќе продолжи да реализира пенали во Премиер лигата. Сепак, кога-тогаш ќе промаши, но се надевам нена да биде брзо, така ќе биде подобро и за мене“, вели Суареш кој моментално ужива во славата како последен голман кој му одбранил пенал на напаѓачот на Манчестер.

Мигел Суареш денес брани за петтолигашот Перу Пињејру. Обранетиот пенал на Бруну Фернандеш многу веројатно ќе остане најсветлиот момент во неговата кариера.

„Не успеав да разменам дрес со него после тој натпревар против Спортинг, но многу би сакал да имам негов дрес од Мначестер Јунајтед. Иако тој ден бев негов противник, јас сум негов голем фан“, на крајот Мигел Суареш си ја кажа желбата, па сега Бруну е на потег.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе