Голот на Пандев против Реал еден од најубавите за Лацио во ЛШ

По цели 13 години Лацио е назад во најквалитетното друштво, а по тој повод УЕФА со видео од најубавите голови на овој клуб досега, му посака топло добредојде.

Хуан Себастијан Верон, Роберто Муци, Синиша Михајловиќ, Ернан Креспо, Калудио Лопес, Стефано Фјоре, Џузепе Фавали... еден куп легенди со прекрасни голови, а меѓу нив и нашиот Горан Пандев.

УЕФА направи листа на 10 најубави голови на Лацио постигнати во Лигата на шампионите. Голот на Пандев беше токму во последната сезона кога клубот од Рим настапуваше во Лигата на шампионите, во сезоната 2007/08. Да, дури оттогаш Лацио нема настап во најквалитетното клупско натпреварување на Стариот континент.

Таа сезона Лацио не се прослави, испадна уште во фазата по групи во која беше со Олимпијакос, Вердер и великанот Реал Мадрид.

Со „Кралскиот клуб“ одигра еден незаборавен натпревар на „Олимпико“ кој заврши 2:2, а во кој блескаше токму Пандев постигнувајќи ги двата гола за „Бјанкочелестите“.

Се играше 32. минута кога Гуљелмо Стендардо одлично му сервираше на Македонецот, а тој со одлична полна ја смести топката зад грбот на Икер Касиљас. Тој гол за УЕФА е меѓу топ 10 најубави голови на Лацио постигнати во Лигата на шампионите.

URL

Потоа Реал уште еднаш поведе, а Пандев на 15 минути до крајот се погрижи Шпанците да не си заминат дома со трите бода.

Remote video URL

Лацио со само 5 бодови заврши последен во групата, а Пандев постигна уште два гола, по еден на Олимпијакос и на Реал во реваншот на „Сантјаго Бернабеу“.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе