Google го изгуби судскиот спор против Fortnite во тужбата за монопол

Американската судска порота утврди дека Google незаконски ја направил својата онлајн продавница Google Play доминантна над продавниците за апликации на своите ривали, објави BBC.

Epic Games, која е сопственик на популарната игрица „Fortnite“, го тужеше Google во 2020 година за монопол над дистрибуцијата на апликации и плаќањата во апликацијата.

Стотици милиони луѓе ширум светот користат Google Play за да инсталираат апликации на мобилни телефони со оперативниот систем Android на Google. Компанијата соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата.

„Android и Google Play нудат повеќе избор и отвореност од која било друга голема мобилна платформа. Судењето покажа дека жестоко се натпреваруваме со Apple и неговата App Store, како и со другите продавници за апликации за Android уреди и конзоли за игрици. Ќе продолжиме да го браниме бизнис моделот на Android и остануваме длабоко посветени на нашите корисници и партнери во поширокиот екосистем на Android“, рече претставникот на Google, Вилсон Вајт.

Извршниот директор на Epic Games, Тим Свини, е задоволен од исходот на судењето.

„Победа над Google! По четири недели детално судско сведочење, поротата донесе одлука против монополот на Google Play по сите точки“, напиша Свини на социјалната мрежа X.

Адвокатите на двете компании ги изнесоа своите последни аргументи во судењето кое траеше повеќе од еден месец. Случајот, исто така, ги доведе во прашање таксите за трансакции до 30%, кои Google им ги наметнува на развивачите на апликации за Android.

Epic во тужбата наведе дека Google „ги потиснува иновациите и изборот“ преку „мрежа од тајни, антиконкурентни договори“.

Во противтужба, Google побара отштета од Epic за наводно прекршување на договорот за програмери.

Технолошкиот гигант се соочи со голем број слични антимонополски случаи, вклучувајќи го и оној со апликацијата за запознавање наречена Match.

Epic поднесе сличен антимонополски случај против Apple во 2020 година, но американскиот суд пресуди во корист на компанијата од Купертино во 2021 година.

Тагови
реклама

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе