Готвачки совети за совршени јајца на око

Јајцата се богати со масни киселини и микроелементи како витамин Б и селен, кои го зајакнуваат имунитетот.

Готвачката Јасмин Ал Саваф вели дека многу луѓе грешат при подготовката на пржени јајца или јајца „на око“, па затоа за Eat This, Not That сподели неколку совети со кои ова едноставно и често подготвувано јадење треба секој пат да излегува совршено.

Прво, вели таа, важно е јајцата секогаш да се пржат во тавче со дно од нелеплив материјал.

„На таква тава треба да го стопите путерот пред да ги испржите јајцата, што ќе им даде одличен вкус“, вели таа и додава дека така јајцето нема да се залепи ниту при пржењето.

Ал Саваф исто така забележува дека јајцата не треба да се кршат над тавата, туку секогаш во сад, за да не се скрши жолчката.

„И секако, јајцата треба да бидат свежи“, додаде таа, бидејќи кај јајцата кои стојат долго време се разредуваат белката и жолчката.

„Совршената температура за пржење јајца е помеѓу 123°C и 137°C“, советува таа, објаснувајќи дека на повисоки температури јајцата може да станат кафеави и да надујат меурчиња пред добро да се зготват внатре.

Идеално испржените јајца, вели таа, треба да бидат сјајни и да имаат целосно зацврстена белка, да немаат меурчиња или кафеави делови, а жолчката треба да се обработи термички по желба.

Тагови
реклама

Рецепти

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Read more

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Read more

Празничен ручек: Пастрмка полнета со спанаќ

Read more

Тирамису велигденско јајце

Read more
 

Магазин

Деми Мур е најубава во светот за 2025 година

Читај повеќе

7 знаци дека најверојатно ви недостасуваат протеини

Читај повеќе

Паровите кои ја разбираат вистинската емоционална зрелост никогаш не избегнуваат 4 обврски

Читај повеќе

Едноставна стратегија со која вашите деца ќе јадат повеќе зеленчук и овошје

Читај повеќе

Како да се надмине пролетниот замор поради чувството на исцрпеност и губење на мотивацијата?

Читај повеќе

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Читај повеќе
  • play_arrow

Три симптоми на рак на панкреасот што често се занемаруваат

Читај повеќе

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Читај повеќе

Тајниот син на Владимир Путин прв пат виден во јавност

Читај повеќе