Грција казнета со 10 милиони евра поради незаконска државна помош

Европскиот суд на правдата одлучи дека Грција ќе треба да плати казна од 10 милиони евра и плус 7,3 милиони евра за секое шестмесечно доцнење, бидејќи не ги вратила парите од незаконската државна помош за компанијата „Грчки Бродоградилишта Скараманга“, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за стар случај, односно за неспроведување на одлуката на Европската комисија од 2008 и пресудата од 2012 за враќање на државната помош.

„Грчки Бродоградилишта Скараманга“ е компанија сопственик на трговското и воено бродоградилиште во близина на Атина, специјализирано за изградба на воени бродови. Во 1995 година компанијата е откупена од Грчката банка за индустриски развој, која е во сопственост на државата. Во 2001 година таа е приватизирана, а во 2009 година продадена на нов сопственик.

Во периодот меѓу 1996 и 2003 година, Грција одобрила одредени мерки во корист на бродоградилиштето, како на пример средства за дополнителен капитал, обезбедување гаранции и доделување кредити.

Во 2008 година Европската комисија оценила дека овие мерки претставуваат помош што не е во согласност со внагтрешниот пазар на ЕУ и средставта треба веднаш да се вратат.

Грција тогаш тврдела дека тоа може да доведе до банкрот на компанијата и да влијае врз активностите поврзани со воените бродови, а со тоа може да им наштети и на основните интереси на националната безбедност. За да се избегне тоа, Еврокомисијата, Грција и компанијата постигнале договор.

Во 2010 година Комисијата поднесе тужба против Грција за непочитување на нејзините обврски, а на 28 јуни 2012 Судот пресуди дека Грција го прекршила договорот.

Денешната пресуда и санкциите за Грција се поради непочитувањето на оваа одлука.

Грчкиот алтернативен министер за економија на Грција, Стергиос Пициорлас изјави дека пресудата е очекувана и дека „ја оправдува одлуката на Владата за ставање на компанијата под посебен режим на управување“. Тој додаде дека Грција ќе ги исполни обврските во следните шест месеци.

– Пресудата на Судот се однесува на неусогласеноста на нашата земја со одлуката на Комисијата од 2008 година околу државната помош на „Грчките Бродоградилишта Скараманга“ и ја истакнува одговорноста на претходните влади. Рокот од шест месеци за спроведување е признание на фактот дека сегашната Влада веќе ги започна процесите за нормализација, процедури кои ќе завршат во овие шест месеци, истална Пициорлас.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Регион

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе