Греми 2021: Шегите на Тревор Ноа ја возбудија јавноста, мислењата поделени

Комичарот Тревор Ноа беше водител на годинашното доделување на наградите Греми, а неговиот говор за отворање на свеченоста беше во најмала рака контроверзен.

Ное се појави пред шаторот на отворено во кој беа сместени ѕвездите и ја опиша атмосферата како понапната од атмосферата што најверојатно деновиве владее меѓу членовите на британското кралско семејство.

„Номинираните изведувачи ќе седат оддалечени на масите и ќе ги чекаат наградите. Значи, во овој шатор во моментов има поголема напнатост отколку на семејната средба во Бакингемската палата“, рече тој.

„Доделувањето на наградите Греми е најголемиот настан на отворено годинава, по немирите во Капитол“, додаде тој, иако претходно тврдеше дека свеченоста нема да добие политички поттон.

URL

Потоа во говорот рече дека свеченоста е еден од ретките настани во кои белото што им влегува во носот на ѕвездите не е кокаин, туку брис за земање примерок за коронавирус тест.

URL

Помина една недела од интервјуто на Меган и Хари со Опра на CBS, кое ги емитуваше и наградите Греми, а монологот на Ноa предизвика поделени реакции заради бројните референци на настанот, како и заради мешањето во политички теми.

Некои беа одушевени, а други згрозени.

URL

„Го исклучив преносот уште на самиот почеток“, напиша еден корисник на Twitter.

„Не е смешно, тој ден луѓе ги изгубија животите“, напиша друг, алудирајќи на шегата за Капитол хил.

URL
URL
реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе