Грета Тунберг доби статуа на британски универзитет, студентите се побунија

Денешното откривање на споменикот на Грета Тунберг на еден британски универзитет предизвика контроверзии бидејќи студентите и синдикатот на вработените сметаат дека парите можеле подобро да се искористат во пандемиската година.

Бронзената статуа наречена „Направи разлика“, изработена во природна големина, е дело на уметницата Кристин Чарлсворт. Статуата беше откриена на Универзитетот во Винчестер (јужна Англија), од каде рекоа дека се „горди што можат да ѝ оддадат почит на 18-годишната активистка за заштита на планетата“.

Универзитетот признава дека Грета Тунберг многумина ја сметаат за малку „контроверзна“ и прифаќа „разумна дискусија и критички дискусии“, рече проректорот Џој Картер.

Студентскиот сојуз смета дека 24.000 фунти (28.000 евра), колку што биле исплатени за статуата, можело да се потрошат за да им се помогне на студентите.

URL

„Во година на COVID-19 многу студенти немаат пристап до кампусот, многумина се обидуваат да ја следат наставата преку интернет и навистина им е потребна поддршка“, изјави за BBC Меган Бол, претседател на студентскиот сојуз.

Синдикатот на вработените во универзитетот ја осуди „залудноста“ на еден ваков проект затоа што смета дека парите можело да се потрошат за зачувување на работните места и да се избегне намалување на трошоците.

URL

Картер, сепак, објасни дека парите од една ставка не можат да се потрошат на друга и дека скулптурата е финансирана од фондови.

Инаугурацијата на споменикот се совпадна со отворањето на новата зграда на универзитетот, „една од најзелените“ во градот, која користи дождовница и соларни панели.

URL

Споменикот е „симбол на нашата посветеност да се бориме за спас на животната средина“ и борбата против климатските промени пред COP 26, конференција за климата што ќе се одржи во Глазгов во ноември, соопшти универзитетот.

Оваа образовна институција објави дека сака да постигне карбонска неутралност до 2025 година.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе