Францускиот репрезентативец и фудбалер на Атлетико Мадрид Антоан Гризман ја извести управата на клубот дека летово сака да си замине и да ја продолжи кариерата во нова средина.
Гризман го поврзуваат со Манчестер Јунајтед како негова следна дестинација, но во неговите изјави тој не открива повеќе детали.
Претходно се пошегува дека би го напуштил Атлетико само ако би можел да игра во НБА лигата со Дерик Рос, а потоа рече дека е подготвен да го промени клубот ако тоа биде потребно.
После тоа гостуваше во француската емисија Quatidien каде рече дека шансите да премине во редовите на Јунајтед се 60%.
Меѓутоа, на Twitter ги демантираше шпекулациите дека работата е завршена и истакна дека ќе донесе одлука откако ќе разговара со неговите советници.