КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Груба игра и тепачки на трибините: Аргентина го победи Бразил на Маракана

Во тензичен натпревар Аргентина го победи Бразил со 1:0 на гостински терен и го турна на 6. место во квалификациите за Мундијалот 2026.

Средбата од шестото коло од јужноамериканските квалификации се одигра на иконската „Маракана“, а почетокот на натпреварот доцнеше половина час поради нередите кои избија на трибините. Така, наместо да почне во 1:30 часот ноќеска по македонско време, почна околу 2, па само наупорните останаа да го гледаат ова големо дерби.

URL

Навивачите на Аргентина и бразилската полиција се судрија на трибините, а во тоа се вмеша и голманот на Аргентина, Еми Мартинес, со намера да спречи еден полицаец да ги удира навивачите и успеа во намерата.

URL

Потоа, капитенот на Аргентина, Лионел Меси, во знак на протест ги одведе соиграчите во соблекувалната и светските шампиони не сакаа да играат додека не се гарантира безбедноста на нивните навивачи.

Играчот на Реал Мадрид, Родриго, ги нарече Аргентинците „кукавици“, по што следеше брутален одговор од далеку поискусниот Меси.

„Ние сме светски шампиони, зошто сме кукавици? Молчи“, одговорил најдобриот фудбалер на сите времиња, пренесува TyC Sports.

Во заштита на Меси дојде Родриго де Паул, а потоа интервенираа и други фудбалери кои се погрижија конфликтот да не ескалира.

URL

Тензиите од трибините се префрлија на тревникот, а првото полувреме помина во антифудбал и бројни груби фаули, а веќе во воведните минути од натпреварот Габриел Жезус со лакт го удри по главата Родриго де Паул.

Најдобрата шанса за гол ја имаше Бразил во 58. минута кога Жезус одлично го проигра соиграчот од Арсенал, Габриел Мартинели, кој шутираше од волеј, но Мартинес одлично интервенираше и го спаси својот гол.

Само пет минути подоцна Аргентина го постигна голот кој ѝ ја донесе победата.

Џовани Ло Селсо изведе корнер од левата страна, Николас Отаменди се издигна над Габриел Магаљајс и го матираше Алисон Бекер за огромно славје на Аргентинците.

Бразилците го дочекаа крајот на натпреварот со десетмина, откако Жоелинтон доби директен црвен картон поради прекршок.

Remote video URL

Аргентина е лидер во јужноамериканските квалификации, додека Бразил со третиот последователен пораз падна на шестото место.

Табела:

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе