Груби: Институците да бидат пример за штедење

Вицепремиерот Артан Груби порача дека институциите треба да бидат пример за штедење и на струја и на сите државни ресурси. Уверува дека владините институции прават максимални напори за заштеди во услови на економско-енергетската криза.

Груби при посета на општина Арачиново на прашање на новинарите дали службените автомобили треба да работат додека тој дава изјави рече дека тоа не треба да се прави и повика да се пријави секое непочитување на мерките за штедење.

-Не знам кои автомобили работат, не сум возач. Апсолутно не треба да работат. Сметам дека сите граѓани и посебно институциите најпрво и челниците на институциите треба да бидат пример за штедење и на електрична енергија и на сите државни  ресурси, рече Груби.

Тој апелираше до новинарите секојдневно да ги проверуваат сите институции, почнувајќи од Владата, Собранието, министерства, кои мерки за штедење ги применуваат согласно со владината одлука што стапи во сила од 1 септември.

Груби наведе дека и пред одлуката на Владата Министерството за политички систем што го раководи тој го исклучувало осветлувањето по работното време.

– Се соочуваме со многу тешка зима, не само ние, туку целиот наш континент, и затоа апелирам прво ние да бидеме пример, но и граѓаните да ја штедат максимално електричната енергија, рече Груби.

Тој негира дека не се почитуваат мерките за штедење, а како што информираше, синоќа намерно поминал покрај зградите на Собранието, Владата, министерствата за надворешни работи и за политички систем, СОЗР, СЕП, МЖСПП, Финансиската полиција и утврдил дека имало светла само на еден кат, но откако се јавил на министерот за животна средина Насер Нуредини биле исклучени.

-Ве повикувам секој таков пример којшто ќе го видите да ни кажете и да реагираме веднаш, рече Груби.

Вицепремиерот смета дека не е голем трошок одењето на владината делегација на Самитот на Отворен Балкан затоа што, како што рече, Белград е блиску и таму имаме наши ресурси, односно амбасада и резиденција, а се прави промоција на државата во рамки на иницијативата.

-Сметам дека настанот е од огромно значење затоа што се организира и винскиот саем и истовремено се потпишуваат многу битни договори во рамки на иницијативата Отворен Балкан и не се сите цело време таму. Ве уверувам најискрено дека максимално се обидуваме да штедиме, посебно во однос на електричната енергија, но и по другите ресурси затоа што сме единствена Влада која што си усвои етички кодекс и која што си поставува граници за трошење самата себеси, изјави Груби, кој во Арачиново присуствуваше на пуштање  во употреба на нова водводна мрежа.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе