Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени. Ако ВМРО-ДПМНЕ е определена за европска Македонија тогаш ќе се придружи на уставните измени, изјави вечерва првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Тој, во „Топ тема“ на Телма телевизија рече дека денеска разговарале во Владата за уставните измени, но и претходно формирале тим кој работи на оваа проблематика.

– Не да сум оптимист, убеден сум дека ќе успееме, планот ни е одличен, многу амбициозен и реален за имплементација и реализација. Знам дека има скептици, сакате гола математика и да броите пратеници како да се стигне до 80, но знаете дека досега сѐ што сме кажале испаднало така и дека се реализирало, кажа Груби.

Груби посочи дека ќе се договорат многу едноставно, како што се договориле минатиот пат со ВМРО-ДПМНЕ.

– Ќе бидеме кративни, флексибилни, и сметам дека ќе се изнајде решение за овој проблем, но не мислам дека треба да има методи како уцени, не сум за тоа. Ние сме лидери кои треба да донеста храбри одлуки кои се непопуларни за нас, но за добро на државата, рече Груби.

Според него, за сите храбри одлуки што ги направиле сме биле наградени како општество.

– Единствено што ни преостанува од големите компромиси се уставните измени со што всушност македонскиот народ добива најмногу, конечно се одделува од бугарскиот народ, нагласи Груби.

Груби смета дека вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, а не позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити. Тој додаде дека веќе месец и пол имаат активности во огранокот во Чаир, а на состаноците со подограноците имале повеќе од 200-300 луѓе.

Прашан каков ќе биде понатаму односот кон Огнените и кон нивните барања, кои рекоа дека не биле поканети на синоќешниот настан, Груби рече дека има несогласувања во ДУИ, но потенцира дека не треба да има посебна покана.

За голчето во неговиот кабинет, Груби кажа дека му е подарок од Фудбалската федерација на Македонија, а баскетот му е донација од Перо Антиќ. Ракометната топка, додаде, му е од Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Тагови
реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Македонија

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Read more

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Read more

Сончево време, попладне порoен дожд, грмежи и ветер

Read more

Град Скопје: Граѓаните добиваат нова ботаничка градина во ЗОО Скопје

Read more
 

Вести

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Читај повеќе

Пешак загина на патот Прилеп-Битола, повредено и дете

Читај повеќе

Кумановец со автомобил удри во две девојчиња

Читај повеќе

Необични правила во Турција на одлучувачкиот ден на изборите

Читај повеќе

Америка се спаси од банкрот

Читај повеќе

Кина избршиша 1,4 милиони објави од интернет

Читај повеќе

Во Скопје се вози брзо – за еден ден казнети 70 возачи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Со 54 дрона Русите синоќа го нападнале Киев, Украина јавува за еден загинат

Читај повеќе
  • filter

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Читај повеќе