Основниот суд Скопје 1 соопшти дека главната расправа за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Таргет-Тврдина“ е закажана за 22 декември. Прва правосилна пресуда за предмет што го води СЈО беше изречена вчера, условна казна од шест месеци доби еден од обвинетите во предметот „Таргет – Тврдина“, кој во постапката самоиницијативно ја признал својата вина.
СЈО соопшти дека во овој предмет е раздвоена кривичната постапка за осуденото лице, чиј идентитет не се соопштува, а за кое, врз основа на признание на вина, е донесена пресуда на 17 ноември.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очекува најстроги казни за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски, кои се обвинети во предметот „Таргет – Тврдина“.
Во споениот предмет „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.
Од скопскиот Кривичен суд информираат дека за „Таргет-Тврдина“ рочиште е закажано и за 17 јануари 2018 година.