HBO го претстави првиот тизер за новата сезона на „Game of Thrones“
Иако неколкупати претходно објавија дека ќе ги сокријат сите фотографии и видеа од осмата и последна сезона на серијата „Game of Thrones“, од HBO сепак решија да ја наградат публиката за нивната трпеливост со еден краток тизер.
Целата тајност во која беше обвиткана последната сезона на „Game of Thrones“ испадна еден одличен маркетиншки трик на HBO и привлече големо внимание од љубителите на серијата. Можеби сите очекуваа многу подолг трејлер, но ќе мора да се задоволат со ова кратко видео од 54 секунди.