HTC претстави нова верзија на Ultra, со висока цена

Денешното „неочекувано изненадување“ од HTC не ги оправда големите очекувања на корисниците, бидејќи компаниајта место очекуваниот HTC 11, претстави полуксузна верзија на фаблетот Ultra. Иако уште во јануари беше познато дека Ultra ќе добие верзија со сафирно стакло на предната и задната страна, HTC реши да направи мала драма од претставувањето.

Поради големата фама што компанијата ја направи пред промоцијата, многумина очекуваа дека ќе го претстават моделот HTC 11. Сепак, фановите се разочарани поради новата верзија на U Ultra фаблетот кој е прогласен за промашување бидејќи за високата цена не нуди ништо посебно.

Оваа верзија има сафирно стакло кој е исклучително отпорен материјал, но и цена од високи 880 евра, што е околу 150 евра повеќе од и онака прескапата класична верзија на смартфонот.

Уредот располага со 5,7 инчен екран, работи на Snapdragon 821 процесор со осум јадра, има 4GB RAM и интерна меморија од 64GB или 128 GB кај сафирната верзија.

Задната камера има 12 мегапиксели и може да снима во 4К резолуција, како и забавени видеа до 120 фрејмови во секунда. Слушалките се конектираат преку USB-C портот, а фаблетот има батерија од 3.000mAh.

реклама

Мобилни

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе