Heineken и креативната компанија Bodega се здружија за да дизајнираат уред наречен Boring Phone, или во буквален превод „досаден телефон“.
Комапнијата HMD Global ќе го произведе Boring Phone за Heineken и Bodega во само 5.000 примероци и секој од нив ќе стигне до среќник кој ќе го добие на подарок во популарните giveaway.
Овој мобилен телефон е дизајниран да биде што е можно поедноставен, да не содржи апликации од трети страни или да има можност за поврзување на интернет. Се базира на моделот Nokia 2660 Flip, има проѕирно тело и прилагодена монохроматска тема.
Доби 2,8-инчен QVGA главен екран со резолуција од 240х320 пиксели и помал „надворешен“ екран од 1,77 инчи. Назад се наоѓа камера од 0,3 MP со LED блиц, а телефонот користи софтвер Moco RTOS. Корисниците можат да се забавуваат и со иконската игра Snake, а има и FM радио и приклучок за слушалки.
Boring Phone поддржува мрежи до 4G и има два слота за SIM, како и 128 MB внатрешна меморија која може да се прошири со помош на microSD картичка. Се напојува од батерија со капацитет од 1.450 mA⋅h, која ветува седум дена работа во режим на подготвеност и 6 часа разговор преку 3G и 4G мрежите.